СДСМ Прилеп: Се враќа урбаниот лик на Центар со реконструкција на паркот „Ортаџамија“

СДСМ Прилеп објави дека на средба со жителите на Урбаната заедница Центар ја претставиле програмата за враќање на урбаниот лик на овој дел од градот.

​За таа цел, најавени се неколку конкретни проекти:

​Реконструкција на паркот кај „Ортаџамија“.

​Уредување на запуштениот простор зад ЦК „Марко Цепенков“.

​Изведба на тротоар на улицата „Мице Козар“.

​Реновирање на улицата „Киро Пајмакоски“.

​Дополнително, како дел од програмата на кандидатката за градоначалник, Петра Лукароска, за создавање услови за здрава животна средина, предвидено е засадување дрва на улицата „Прилепски бранители“.

​„Се грижиме за секоја урбана заедница и секое населено место“, порачаа од СДСМ Прилеп.