Се испраќа известување до сите кои купиле ваучери за билетот за натпреварот Белгија – Македонија (Гент, 10.10.).
Ве известуваме дека на вашата е-пошта е испратен директен мејл од Белгиската фудбалска федерација (RBFA).
Задолжително треба да го искористите линкот од тој мејл за да се најавите (log in) и да ги активирате вашите билети. Во моментов има релативно голем број неактивирани билети.
Важно: За секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот. Доколку ова не се направи, нема да можете да влезете на стадионот.
Ве молиме, проверете го вашето сандаче (вклучувајќи ги и папките Spam/Promotions) и завршете ја активацијата навреме.