Полицијата синоќа околу 21:25 часот го лишила од слобода А.Ш. (41) од Скопје под сомнение дека извршил кривично дело согласно член 236 од Кривичниот законик.
Според информациите, А.Ш. бил затекнат во дворното место на основното училиште во скопското село Сандево, додека одземал нафта од резервоарот на училиштето.
Одземената нафта е вратена на одговорното лице од училиштето. По извршениот увид и целосното документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.