Ноќта на 08.10.2025 година, во 02:20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг просторот на Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром избувнал пожар во кој биле опожарени три возила:
- Товарно возило „ивеко“ (скопски табли).
- Товарно возило „рено“ (скопски табли).
- Патничко возило „опел“ (прилепски табли), сопственост на Е.С. од Прилеп.
Двете товарни возила се сопственост на правно лице од Скопје.
Пожарот бил изгаснат во 02:50 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Веднаш по преземените мерки и активности, на бул. „АСНОМ“ се лишени од слобода Ф.Ц. (23) и И.Ц. (24), двајцата од Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.