Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, заедно со кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски, одржаа средба со претставници на Регионалната стопанска комора во Битола, на која ја претставија програмата за економски развој на градот.
Каранфиловска Пановска истакна дека СДСМ и Куновски имаат „конкретни одговори“ за проблемите со кои се соочуваат компаниите и за создавање нови можности за развој.
Програмата на СДСМ за развој на Битола предвидува низа мерки за подобрување на деловната клима:
Постојана соработка и комуникација со бизнис-заедницата.
Намалување на административните бариери и воведување дигитални услуги за фирмите.
Субвенции за иновации, зелени технологии и енергетска ефикасност.
Инфраструктурна поддршка и јавно-приватни партнерства.
Формирање општински фонд за жени претприемачи.
Партнерства со бизнис-секторот за вработување на самохрани мајки и мајки на деца со попреченост.
Поддршка за руралниот развој и локалните брендови
Кандидатот Методија Куновски најави дека меѓу приоритетите во програмата се и руралниот развој и поддршката на земјоделството.
Тој најави поддршка за агротуризмот, како и одржување на земјоделски и гастрономски саеми за директна продажба и маркетинг. Посебен фокус ќе биде ставен на развој на локални брендови како пелистерско сирење, цапарски компир, буковска пипер, бистрички праски, и други.
Каранфиловска Пановска порача дека СДСМ и Методија Куновски се посветени на економскиот развој, отворањето нови работни места и создавањето подобри услови за компаниите во Битола.