Пронајдена марихуана и стебла канабис: Приведен скопјанец во Љубаништа

На 07.10.2025 година во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д. (68) од Скопје, во охридското село Љубаништа.

​Лишувањето од слобода следело по извршен претрес со судска наредба во објект што го користел Ј.Д. Во објектот, полицијата пронашла и одзела марихуана и засадени стебла од растението канабис.

​По целосно документирање на настанот, против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.