Герасимовски: Ги обновивме сите игралишта, во новиот мандат фокусот на инклузивноста

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, истакна дека во изминатиот период се обновени сите детски и спортски игралишта во Општината, со што е обезбеден простор за рекреација и дружење за сите возрасти.

​Герасимовски најави дека во новиот мандат ќе продолжи со:

​Поставување на нови игралишта и урбана опрема.

​Посебен акцент на инклузивноста и пристапноста при уредувањето на новите детски игралишта.

​Целта на овие активности е да се поттикнат граѓаните на поголема физичка активност и негување на спортскиот дух, бидејќи, како што нагласи, „секое дете заслужува простор за игра и среќа.“