СДСМ со силна порака од Ѓорче: Време е за ново поглавје!

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, и носителот на советничката листа, Дејан Трајковски, ги повикаа граѓаните на општината да дојдат на централниот митинг, каде што ќе биде презентирана целосната програма и тимот со којшто настапуваат на Локалните избори 2025. Тие ги очекуваат сите оние што веруваат дека на Ѓорче Петров му се потребни промени.

​„Почитувани Ѓорчевци, сакам да ве поканам на централниот митинг во Ѓорче Петров, каде што ќе ја презентираме нашата програма и тимот на советници предводен од носителот Дејан Трајковски “, објави Ацевски.

​Централниот настан е закажан за денес, петок, на 10 октомври 2025 година, со почеток во 18:30 часот.

​Митингот ќе се одржи на паркот во Ѓорче Петров.

​„Сите оние кои мислат дека на Ѓорче Петров му се потребни промени и сите кои веруваат дека ние можеме да ги направиме тие промени на подобро, ве очекувам! Се гледаме во паркот во Ѓорче!“, порачаа од СДСМ.