Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од СДСМ, Драган Анастасов, заедно со носителот на листата и дел од советничката група, го посетија пазарот во Злетово, каде што имаа непосредни разговори со граѓаните за нивните потреби и идеи. Анастасов истакна дека жителите на Злетово јавно го изразиле своето задоволство од досега реализираните мерки и проекти во населеното место.
„Утрово заедно со носителот на листа и дел од советничката група го поминавме на пазарот во Злетово. Во непосреден разговор со злетовчани, слушнавме за нивните идеи и предлози,“ објави Анастасов.
Тој додаде дека граѓаните јавно го искажуваат задоволството од низата на мерки и проекти кои се реализираа во Злетово.
Анастасов ја нагласи својата посветеност континуирано да работи на подобрување на животот во општината.
„Продолжуваме и понатаму, заедно, чекор по чекор, кон поубава иднина за сите! Пробиштип за сите,“ заклучи кандидатот на СДСМ.