Шаини ја брани сопругата: Обвинувањата дека Арјета Адили е вмешана во нападот се неосновани

Докторот Зекирија Шаини, во кој беше пукано пред неколку дена во Куманово, денеска на прес-конференција ја отфрли каква било вмешаност на неговата сопруга во инцидентот, нагласувајќи дека ваквите тврдења се неосновани и нанесуваат штета на неговата фамилија.

​Д-р Шаини на прес-конференцијата изјави дека целосно ги отфрла обвинувањата дека сопругата, Арјета Адили, има каква било поврзаност со вооружениот напад во кој беше повреден.

​Неговата реакција следува откако Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово претходно денеска соопшти дека е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешната сопруга на оштетениот.

​Иако пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, д-р Шаини нагласи дека тврдењата за нејзина вмешаност во самиот напад се неосновани.

​Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија за расчистување на случајот, додека полицијата сѐ уште трага по лицето осомничено како директен извршител на нападот.