Филипче од Ѓорче Петров: Кандидатот на СДСМ, Коки, и без функција направи повеќе за општината отколку градоначалникот на ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, остро го критикуваше актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и порача дека луѓето во општината знаат да препознаат кој вистински работи за нив, а кој е дојден само за функција. Филипче побара поддршка за кандидатот на СДСМ, Костадин Ацевски – Коки, нагласувајќи дека тој веќе ја докажал својата граѓанска одговорност.

​„Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го следев и како работеше во сите изминати години за општината,“ рече Филипче.

​Филипче директно ја спореди работата на кандидатот на СДСМ со таа на актуелниот градоначалник, тврдејќи дека луѓето на СДСМ „имаат повеќе искосено, повеќе клупи поправено, повеќе корпи за отпадоци поставено отколку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот неспособен градоначалник.“

​„За овие луѓе не требаат зборови и ветувања, доволно е да ги видите нивните дела и знаете дека се вистинскиот избор. Тие веќе докажаа како знаат да работат, колку ја сакаат општината и граѓаните,“ додаде тој.

​Претседателот на СДСМ потсети на проектите што централната власт ги реализираше во Ѓорче Петров, за кои побара континуитет по „четири годишниот застој“:

  • ​Нова детска градинка во Волково.
  • ​Модернизирање на системот за јавно осветлување.
  • ​Уредување на Ѓорче корзото (зелената срцевина).
  • ​Нов изглед на улиците во Ѓорче, Волково, Кисела Јабука, Александрија, Орман и Кучково.

​Филипче ги повика граѓаните да ја вложат секоја атом енергија во преостанатите седум дена до изборниот молк и да гласаат за луѓе кои „секојдневно ќе ги гледате на улиците како го прават Ѓорче подобро и поубаво место за живеење токму како што и сега го прават.“