Оливера Ливриниќ: Ги ставивме изборите на пауза, денес зборувавме само за здравјето

На иницијатива на кандидатката за градоначалник на Бутел, Оливера Ливриниќ, и кандидатите за советници, денеска беше организирана акција за бесплатно мерење на шеќер и крвен притисок за граѓаните на општината, ставајќи го акцентот на превентивното здравје.

​Акцијата, која е насочена кон подобрување на квалитетот на живот, беше реализирана со волонтерска поддршка од докторите Симон Бешлиев, Санија Љатиф Петрушевска и Коста Дохчев, како и од Елизабета Ѓоргиевска. Граѓаните можеа да направат бесплатна проверка и да добијат стручни совети за превенција и одржување на добро здравје.

​„Денес изборите ги оставивме настрана и зборувавме за најважното нешто во животот – здравјето. Со задоволство ги пречекав моите сограѓани, разговаравме за секојдневните навики и предизвици, и за тоа како можеме повеќе да се грижиме еден за друг,“ изјави Ливриниќ.

​Таа додаде дека целта на ваквите активности е да се поттикне свеста за значењето на превентивното здравје, но и да се создаде чувство на заедништво и поддршка во општината. Акцијата е дел од поширокиот пристап на Ливриниќ за промовирање на вредностите на солидарност и активна грижа за граѓаните на Бутел.