Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) најави воведување посебен сообраќаен режим во централното подрачје на градот поради две официјални посети на високи странски делегации.
Посебниот режим ќе важи утре (вторник, 14.10.2025) и в среда (15.10.2025).
Посебен режим на сообраќајот ќе биде спроведен по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје поради:
- Вторник и среда (14/15.10.2025): Официјална посета на претседателот на Република Словачка, Н.Е. Петер Пелегрини.
- Среда (15.10.2025): Официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, апелира до сите граѓани, учесници во сообраќајот, задолжително да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.