Рилак: Четири години скандали и срам за Штип, време е за промени

Никола Рилак, преку своја објава, остро ја критикуваше актуелната локална власт во Штип, обвинувајќи ја за четири години полни со скандали и злоупотреби. Тој ги повика граѓаните во недела да стават крај на оваа „темна епизода“.

​Рилак изброи неколку клучни скандали кои, според него, го обележале мандатот на градоначалникот:

​Тендерски скандал со детски реквизити: Наместен тендер, поради што децата во градинките останале без потребната опрема.

​- Скандал со нафта: Случај во кој е вмешан шоферот на градоначалникот.

​- Дивоградба на секретар на општината: Никната без дозвола и преку ноќ.

​- Скандал со новогодишни украси: Изнајмени поскапо отколку да се купат, а половина од нив не биле ни поставени.

​- Скандал со СЦ „Џексон“: Дополнителни трошоци, кои се поголеми од првичниот проект, а објектот сè уште не е целосно завршен.

​„И ова е само дел од приказната за ‘четири години работа’. Штип заслужува чесен и одговорен градоначалник, не некој за кого секој месец слушаме нов скандал,“ порача Рилак.

​Тој заклучи со повик: „Во недела – време е за крај на лагите, крај на злоупотребите.“