Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, најави спроведување голема акција за чистење на депонијата лоцирана кај полигонот под Кале, како дел од неговата заложба за подигнување на хигиената во општината.
Герасимовски истакна дека депонијата е целосно исчистена од тимовите на општината и комуналните работници, со цел да не се дозволи граѓаните на Центар да се „гушат во смет“.
„Заедно со нашите тимови, со хигиеничарите, со сите вработени денеска спроведовме голема акција за чистење на оваа депонија кај полигонот под Кале. Деноноќно сме на терен, во сите населби,“ порача Герасимовски.
Тој додаде дека е изнајмена и дополнителна механизација за да се отстрани целиот смет што се прелева на улиците и на одредени диви депонии, со цел хигиената да се подигне на што повисоко ниво.