Бојан Јовановски, пошироко познат како Боки 13, денеска е осуден на пет години затвор за кривичните дела измама и перење пари во случајот „Меѓународен сојуз“. Осудениот не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.
Судот одлучи да изрече поединечни казни од три години затвор за делото измама и три години затвор за делото перење пари, кои се споени во единечна казна од пет години затвор.
Според обвинението, Јовановски, преку наводен проект за изградба на домови за стари лица, измамил двајца бизнисмени, меѓу кои и покојниот Силјан Мицевски.
Парите кои фирмите ги уплатиле, Јовановски, според обвинението, ги користел за:
- Финансирање на медиумот „1ТВ“ и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
- Купување на лични предмети.
Ова е втора пресуда за Јовановски, кој претходно беше осуден и во случајот „Рекет“.