Апасиев објави фотографија од директорот на ААВМУ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ: Вака ли ја договарате ЦЕНЗУРАТА врз Левица?

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи објави фотографија од директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, сликан пред централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ (Белата палата), заедно со партиски PR стратег.

​Апасиев го обвини директорот на „независната“ Агенција за блиска соработка со опозициската партија, сугерирајќи дека се договараат активности насочени против Левица.

​Во својата објава, Апасиев ја коментира фотографијата со остри зборови:

​„ФАТЕНИ НА ДЕЛО. Подлизуркото на Мицика – вечниот директор на ‘независната’ Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски сликан пред Белата Палата (седиштето на ВМРО-ДПМНЕ) со вмровскиот PR стратег Бичиклиски“

​Лидерот на Левица директно го постави прашањето за природата на средбата: „Вака ли ја договарате ЦЕНЗУРАТА врз Левица, бе мамлази?“

​Објавата завршува со саркастична забелешка до фотографираните лица: „Ај мафнете и на камерата едно пољупче.“