Јакимовски: Гласаа против, па ги ветуваат истите катни гаражи – Карпош не се купува со лаги

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку објава на социјалните мрежи, остро ја критикуваше политичката конкуренција за, како што го нарече, „безобразно, невкусно и валкано“ однесување, обвинувајќи ги за очигледна промена на ставовите за клучни инфраструктурни проекти.

​Јакимовски посочи на неконзистентноста на неговите политички опоненти околу проектите за катни гаражи во општината.

​„Прво гласаа против катните гаражи. Потоа држеа прес дека ги нема. А сега — со истите зборови, си ги ветуваат пак,“ напиша Јакимовски.

​Тој заклучи дека станува збор за „истите луѓе, истата лага — само нов плакат и малку повеќе боја“.

​Јакимовски ги повика граѓаните да излезат на избори на 19 октомври: „Да им покажеме дека Карпош не се купува со лаги. Да го одбраниме Карпош! Да го зачуваме достоинството!“