Филипче од Виница: Се бориме за достоинството на работниците, повисоки плати и враќање на државата кај граѓаните

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Виница, повика на масовна излезност на 19 октомври, нагласувајќи дека локалните избори се одлука за иднината на секое семејство и можност народот да ја врати својата сила и да се избори за достоинствен живот.

​Филипче потенцираше дека гласањето е голема одговорност и директна борба против неправдата и партиските моќници.

​Лидерот на СДСМ испрати порака дека граѓаните не смеат да дозволат да се навикнат на неправда или да бидат поколебани од стравот.

​„Во недела има можност народот да ја врати својата сила. Народот да победи и да го спаси својот град, своето семејство… да ја спаси иднината на државата. На 19 октомври заедно ќе се избориме и нема да дозволиме група на луѓе и партиски моќници да ни ја крадат иднината и да ни ги иселуваат младите,“ рече Филипче.

​Тој заклучи дека „Време е да ја вратиме државата кај граѓаните, не кај шерифите“ и дека политиката мора да значи „служба, а не моќ“.

​Филипче ги повика граѓаните да се борат за своите права, наведувајќи ги следните приоритети:

  • ​Борба за достоинството на секој работник и работничка која чесно заработува за својата плата.
  • ​Борба за чист воздух и безбедни улици.
  • ​Борба за секое дете што живее во сиромаштија.

​„Време е Виница да стане пример — дека може, дека вреди и дека е можно,“ порача претседателот на СДСМ.