Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, и носителот на советничката листа на СДСМ, Дејан Трајковски, во средба со граѓаните најавија изградба на нова алтернативна сообраќајница и целосно подобрување на инфраструктурата во руралните населби.
Клучниот инфраструктурен проект што го најавија е изградба на надвозник и алтернативна сообраќајница која ќе ги поврзе:
- Волково
- Кисела Јабука
- Ново Село
- Даме Груев
Оваа нова сообраќајница директно ќе ги поврзе овие населби со Општина Карпош и останатите делови на Град Скопје.
Кандидатите нагласија дека приоритет во нивниот мандат ќе биде хуманиот развој на Ѓорче Петров, каде што човекот е пред профитот и интересите на инвеститорите.
Посебен фокус е ставен на потребите на Ново Село, каде што ветија:
- Подобра патна инфраструктура.
- Безбедни осветлени улици.
- Слободни тротоари.
„Токму тоа го нудиме во нашата програма и тоа ќе биде фокус во нашиот мандат,“ порачаа Ацевски и Трајковски, заблагодарувајќи се за поддршката.