Музичарот Владимир Блажев-Панчо од популарното дуо ДНК, почина речиси седум месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.
Тој се лекуваше во болницата „Систина“, од каде што изразија длабоко сочувство до неговото семејство, најблиските, како и до целата македонска јавност.
Панчо беше еден од настраданите во пожарот што избувна во дискотеката, по што следеше долга борба за неговиот живот.