Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, на прес-конференција ја претстави визијата на коалицијата Национална алијанса за интеграција, нагласувајќи дека оваа политичка сила е формирана за долгорочна визија и стабилност на државата, а не само за изборни кампањи.
„Ние не сме партија на зборови, туку на работа. Не бараме моќ заради моќ, туку одговорност“, изјави Адеми.
Во своето обраќање, Адеми нагласи дека еднаквоста на Албанците е уставно право, а не привилегија. Тој предупреди дека секој обид Албанците да се третираат како граѓани од втор ред претставува „удар врз самата држава“.
Една од главните позиции на коалицијата е заложбите за целосна проверка (ветинг) во правосудниот систем и истрага на имотот на сите функционери и политички партии во текот на изминатите три децении.
„Ова е проверката што ги одделува чесните од корумпираните, државата од бандите и политиката од криминалот“, нагласи Адеми.