Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат во Кавадарци, Митко Јанчев, се соочува со обвинувања за предизборна злоупотреба, откако на влезната врата на ЈП „Водостопанство Тиквеш“ беа забележани негови изборни плакати.
Реакцијата, која се појави на социјалните мрежи, остро ја критикува злоупотребата на државна институција за партиска промоција.
„Јанчев Митко мисли Кавадарци му е оставено од дедо му па си става партиска пропаганда по државни инститции, овие на шалтер делат материјал од дпне со секоја платена сметка?“
Објавата ја доведува во прашање законитоста на користењето на објектот на јавното претпријатие за партиски цели и сугерира дека оваа пракса ги крши правилата за одвоеност на партиските активности од државните институции.