Министерството за внатрешни работи информира дека на 10. октомври 2025 година, 51-годишен жител на тетовско село пријавил во СВР Тетово дека бил измамен од лицата С.Р. и Б.Р. за сума од 64.000 евра.
Според пријавата, оштетениот И.М. претходно склучил преддоговор со С.Р. и Б.Р. кај адвокат. На 16.06.2021 година, тој ја исплатил целата договорена сума на сметка на второпријавената Б.Р.
Меѓутоа, по исплатата, пријавените лица не дошле да го склучат договорот за купопродажба, како што било претходно договорено, по што И.М. сфатил дека е измамен.
МВР наведува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.