Филипче од Ресен: Резултатот на ВМРО-ДПМНЕ е „чиста нула“, локалната власт го уништува градот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибина во Ресен остро го критикуваше работењето на ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека резултатот од нивната четиригодишна локална власт и година и пол централна власт е „чиста НУЛА“ и дека не донеле ништо добро за државата и граѓаните.

​Филипче пред ресенчани изјави дека Ресен е запуштен и дека неработењето на ВМРО-ДПМНЕ е јасно видливо.

​Лидерот на СДСМ нагласи дека ветуваните проекти останале само на хартија, а граѓаните добиле застој наместо развој. Тој ги наброја пропустите:

  • ​Нема ветувани нови стопански комплекси и инвеститори во туризмот.
  • ​Нема реконструкција на водовод и канализација.
  • ​Нема нови патеки.
  • ​Нема поддршка за млади и социјално загрозени лица.
  • ​Нема енергетски ефикасна општина, развој на туризмот, спортот и културата.

​„Ова ‘ништо’ и нула сработено не смее да продолжи и следните 4 години да го уништува Ресен, да го уништува регионот и да ги брка младите од градот,“ порача Филипче, повикувајќи ги ресенчани да стават крај на неработењето.

​Филипче ја истакна суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги актуелните носители на власта дека ја користат функцијата за моќ и привилегии, додека СДСМ се бори „за секој човек, за секое семејство, за интересот и прогресот на народот“.

​„Ние секогаш сме служеле на народот и не сме ги оставале граѓаните сами,“ потенцираше претседателот на СДСМ.