Кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од СДСМ, Александар Бузлевски, одржа трибина во Ресен, повикувајќи на поддршка за урбана општина со чесна, транспарентна и посветена работа за секој граѓанин.
Бузлевски истакна дека Ресен стои на раскрсница и му е потребен човек кој го слуша гласот на граѓаните и ја дели истата љубов и болка за Преспа и Преспанското Езеро.
„Јас не ветувам невозможни проекти, туку чесна, транспарентна и посветена работа за секој граѓанин“, порача Бузлевски.
Кандидатот најави детален план за развој на општината во следните 5 до 10 години, со визија и конкретни чекори во повеќе клучни области.
Клучните точки во визијата за урбана општина се:
- Поддршка за земјоделците.
- Изградба на агроканализација и нови бунари.
- Реконструкција на водоводната мрежа и стабилно водоснабдување.
- Средени училишта, униформи за учениците и стипендии за талентирани деца.
- Стратегија за развој на туризмот.
- Поддршка за спортските клубови и создавање младински совет.
- Бесплатни дигитални обуки.
- Чистење на дивите депонии и зголемување на зеленилото (Преспа без отпад).
- Служби за домашна нега на стари и болни лица.
- Паркови за пензионери, поддршка за семејства во ризик и достапни јавни простори.
Бузлевски порача дека неговата победа ќе биде „победа на тивкиот, чесен, обичен народ од Преспа“ кој сака промени и иднина дома.