Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, на средба со жителите на населбата Ферид Бајрам, најави повеќе инфраструктурни и комунални инвестиции за подобрување на условите за живеење и безбедноста.
Меѓу најавените активности се:
Уредување на просторот кај Тедико со зеленило и фонтана, кој ќе стане ново место за одмор и рекреација.
Изградба на атмосферска канализација на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, зад автобуската Чаирче.
Реконструкција на уличното осветлување во населбата.
Посебен акцент ќе се стави на обновата на трите парка во овој дел од општината: на ул. „Мара Междуречка“, на ул. „Никола Петров“ и паркот спроти ООУ „Петар Здравковски Пенко“.
„Секој парк ќе биде безбеден, уреден и пријателски – за децата, за родителите, за сите што живеат тука. Ова не се само ветувања, туку конкретни планови што ќе ги реализираме заедно со граѓаните“, изјави Ливриниќ.