Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска изјави дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори, нагласувајќи дека владата е стабилна и мандатот ќе трае до 2028 година.
„Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично“, изјави Николоски при посетата на Гостивар.
Тој најави дека по локалните избори, фокусот на Владата ќе биде на расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од т.н. „црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица“.
Николоски ја обвини опозицијата за постојана „жед и желба за власт“, потенцирајќи: „Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интересираат само привилегиите од власта, а нив ги интересира и криминалот од власта“.
Тој порача дека наместо со предвремени избори, Владата ќе се занимава со одговорност на сите кои ја злоупотребија власта од т.н. црна коалиција.