Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека од „егзистенцијален интерес“ за Унгарија е мировниот самит во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да биде успешен. Според Орбан, само со завршување на војната, унгарската економија ќе може да се врати на растот од пред конфликтот.
Орбан на својот Фејсбук профил истакна дека од моментот на објавување на мировниот самит, левичарски ориентираните аналитичари и политичари се обидуваат да најдат мана, поставувајќи го прашањето: „убаво што Трамп и Путин ќе се сретнат во Будимпешта, но како тоа ќе направи лебот да биде поевтин?“.
Тој појасни дека во првите три години од руско-украинската војна, Унгарија загубила 9,1 милијарди форинти (околу 23,3 милиони евра), што претставува загуба од повеќе од два милиони форинти по семејство.
„Ако успееме да ја завршиме војната, сето ова ќе престане. Унгарската економија конечно ќе може да здивне со олеснување и ќе можеме да се вратиме на растот од пред војната. Сите ќе заработуваат повеќе, па дури и лебот ќе биде поевтин“, напиша Орбан.
Премиерот заклучи дека токму поради овие економски придобивки, од егзистенцијален интерес на Унгарија е самитот да биде успешен, повикувајќи сите да направат сѐ што можат за тоа.