Две лица го загубија животот, а пет се здобија со повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 17:00 часот на магистралниот пат А1 Прилеп – Росоман, во близина на село Радобил. Несреќата се случила помеѓу две патнички возила, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР).
Лекар на лице место констатирал смрт кај две лица.
Од петте повредени лица:
Три се пренесени во болница во Прилеп.
Две се пренесени во болница во Кавадарци.
Од 18:00 часот, сообраќајот на овој патен правец се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
„Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот“, додадоа од МВР.