Општина Центар додели 44 стипендии за ученици: Поддршка за успеси во науката и техниката

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска објави дека општината додели 44 стипендии на ученици кои покажале извонредни резултати во областа на науката, техниката и посебните вештини. Стипендиите се дел од поддршката на Општината за постигнување успеси на државните и меѓународните натпревари.

​Месечниот износ на стипендиите е 3.000 и 3.500 денари, а ќе се исплаќаат до крајот на тековната учебна година.

​По повод Денот на општината, Герасимовски исто така информираше дека биле доделени пофалници за најдобрите ликовни творби на конкурсот насловен „Мојот Центар – мој дом, моја инспирација“.

​„Честитки до сите ученици! Вие сте нашата надеж, секое вложување во вас е вложување во нашата иднина“, порача градоначалникот Герасимовски.