Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека во Ски-центарот „Михајлово“ на планината Кожув интензивно се работи на нова зимска атракција наречена „Кожувска Панорама“. Проектот вклучува изградба на нова скијачка патека долга 1.200 метри, нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази.
Новата главна патека се наоѓа на 1.400 метри надморска височина.
Јанчев истакна дека ова е „силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови“ во регионот, со што Кавадарци ќе стане задолжителна зимска дестинација.
„Кожув добива нова зимска енергија“, порача градоначалникот.
Планирано е „Кожувска Панорама“ да биде пуштена во употреба на 1 јануари 2026 година.