Модниот бренд MITROFF прослави една година софистициран стил и безвременска елеганција

Модниот бренд MITROFF ја прослави својата прва година постоење, зацврстувајќи го својот имиџ како синоним за софистициран стил и безвременска елеганција. Во текот на изминатата година, MITROFF создаваше креации кои успешно ја спојуваат современата линија со префинети детали.

​Брендот нагласува дека секоја креација го отелотворува минимализмот, луксузот и женственоста, користејќи внимателно одбрани материјали, чисти силуети и беспрекорна изработка.

​MITROFF продолжува да гради препознатлив потпис со модели кои не се водат по моменталните трендови, туку по идејата за мода што трае.

​Со обележувањето на својот прв роденден, MITROFF ја потврди својата мисија: да им понуди на клиентите парчиња облека во кои ќе се чувствуваат сигурно, елегантно и уникатно, без разлика на пригодата.