Македонската филхармонија ја отвора новата сезона „#Без филтер“ со „Класика РеСтарт“ и најавува историско гостување во Виена
Новата концертна сезона на Македонската филхармонија со наслов „#Без филтер“ се отвора в четврток, во 20:00 часот, со концертот „Класика РеСтарт“. Директорот Мустафа Имери објасни дека насловот на сезоната, „#Без филтер“, ја симболизира класичната музика како „уметност без шминка, без технолошки разубавувања, уметност во својот најавтентичен облик“. На отворањето ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго…