​Израел изврши воздушни напади во Сирија

Израел синоќа изврши воздушни напади во околината на сириските градови Хомс, Латакија и Палмира, јавија сириски државни медиуми. Израел сè уште не ги коментирал нападите. ​Сириското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите како „јасно кршење на сирискиот суверенитет и закана за регионалната стабилност“, додавајќи дека тие се дел од серија напади кои се интензивираа…

Прочитај

​Шефот на „Ферари“ ќе плати 183 милиони евра и ќе работи општокорисна работа за да избегне затвор

Џон Елкан, претседателот на „Ферари“ и групацијата „Стелантис“, се согласи да изврши една година општественокорисна работа и да плати, заедно со неговите брат и сестра, 183 милиони евра на италијанските власти за да се реши спор околу данокот на наследство. Оваа вест ја пренесе Би-Би-Си. ​Според италијанските обвинители, Џон, Лапо и Џиневра Елкан не пријавиле…

Прочитај

​Норвешката левица на чело со Сторе останува на власт по тесна победа

Левичарската коалиција предводена од премиерот Јонас Гар Сторе од Лабуристичката партија, ќе остане на власт во Норвешка откако победи на парламентарните избори. Изборите беа одбележани со голем подем на популистичката десница, која го постигна својот најдобар резултат досега. ​Со речиси сите преброени гласови, левиот блок се очекува да освои тесно мнозинство од 87 од 169…

Прочитај

Ердоган ја предупреди турската опозиција: Нема да толерираме непочитување на судот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека владата нема да дозволи внатрешните конфликти во главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) да го нарушат јавниот ред. ​По седницата на Владата, Ердоган изјави дека „едно е да се критикуваат одлуките на судот, но да се каже „не го признавам“ судот е директен напад врз владеењето на правото“….

Прочитај

​Судир меѓу американската влада и Чикаго поради имиграциска операција

Владата на САД вчера објави имиграциска операција во Чикаго, наречена „Операција Мидвеј Блиц“, што предизвика остар судир со локалните демократски лидери. ​Одделот за внатрешна безбедност (ДХС) објави на „Х“ дека операцијата е насочена кон „криминални нелегални странци“, но не даде дополнителни детали за начинот на кој ќе се спроведат рациите. ​Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон,…

Прочитај

​Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според грчкиот Институт за геодинамика, односно 5,2 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), ноќеска го погоди грчкиот остров Евија. ​Земјотресот се случи околу 30 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил во морето, на 4 километри од брегот на Неа Стира и на 45 километри североисточно од…

Прочитај

​Премиерот на Португалија ја повика Кина да посредува за мир во Украина

Португалскиот премиер Луис Монтенегро денеска се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг, со цел да го повика да ги искористи блиските врски на Кина со Русија за да се заложи за „праведен и одржлив мир“ во Украина. ​Средбата се одржа само неколку дена по воената парада во Кина, на која Кси, севернокорејскиот лидер…

Прочитај

Буркина Фасо ја стопира програмата на Бил Гејтс за генетски модифицирани комарци

Воената влада на Буркина Фасо, предводена од Ибрахим Траоре, донесе одлука да ја прекине програмата Target Malaria, финансирана од американскиот милијардер Бил Гејтс, чија цел беше намалување на ширењето на маларија преку пуштање генетски модифицирани комарци. Соопштението, објавено во петокот, наложува веднаш запирање на сите активности и уништување на сите примероци поврзани со проектот во…

Прочитај

​Карло Акутис канонизиран како прв светец од милениумската генерација

Илјадници верници денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан за да ја проследат долгоочекуваната канонизација на италијанскиот тинејџер Карло Акутис, првиот светец од милениумската генерација. Церемонијата ја предводеше новиот папа, Лео XIV, и се пренесуваше во живо до Асизи, каде што се наоѓа стаклениот ковчег со телото на младиот светец. ​Карло Акутис почина…

Прочитај

​Додик: Сорос стои зад обоените револуции во Србија

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад „обоените револуции“ што се спроведуваат денес во Србија и во други земји. ​Во подкаст со американската новинарка Лара Логан, Додик ги нарече активностите на Сорос „криминален потфат“. ​„Тие ги користеа легалните средства на американските даночни обврзници за да…

Прочитај