Седлоски внимателен, но решителен пред реваншот во Конференциската лига
Македонскиот фудбалски великан Вардар пристигна во Лозана, каде утре го очекува реванш-натпреварот од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА против швајцарскиот ривал. Црвено-црните во Швајцарија пристигнаа со минимална предност од првиот натпревар одигран во Скопје (2-1), но стручниот штаб предводен од Гоце Седлоски останува крајно претпазлив. „Одигравме само едно полувреме од овој двомеч….