Mлади мажи облечени во црно, вчера се обидоа насилно да влезат во метро-станицата Централе во Рим, при што уништија дел од влезот и повредија десетици луѓе, јавува „Ла Република“. Поради хаосот, возовите ја заобиколуваа станицата повеќе од еден час.
Во судирите биле повредени околу 60 полицајци, од кои 23 биле префрлени во болница. Брзата помош се погрижила и за 12 демонстранти.
Насилната група, која броела околу стотина луѓе, користела противпожарни апарати, поставувала канти за ѓубре како барикади и фрлала шишиња и канистри кон полицијата. Десетина демонстранти биле приведени.