Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ја извести јавноста дека почина истакнатиот спортски работник, Илија Темелковски (1953-2025), човек кој целиот свој работен и животен век го посвети на македонскиот ракомет.
РФМ изрази искрено и длабоко сочувство до семејството на Темелковски, нагласувајќи дека ракометната и спортската јавност денес изгубија „вреден спортски работник“.
Погребот на Илија Темелковски ќе се одржи утре, 14.10.2025 година, во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел (капела).