Градоначалникот Стојковски си го уредува дворот, додека децата играат меѓу змии и трње – СДСМ Ѓорче реагира

Додека училишните дворови низ Ѓорче Петров се запуштени, опасни и полни со змии, градоначалникот Александар Стојковски се пофали со фотографии од уредување на својот приватен двор. Ова предизвика револт кај родителите и јавноста, а СДСМ Ѓорче Петров реагираше со конкретна акција – ги искоси заборавените училишни дворови во знак на протест и потсетување на заборавените…

Прочитај

ССМ до Владата: Исполнете ги барањата или ќе не гледате почесто на улица

Минимална плата од 30.000 денари, повисоки плати и достоинствени услови за работа беа клучните барања на денешниот првомајски протест, организиран од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од таму предупредија дека ако надлежните не ги исполнат барањата, протестите ќе зачестат, а не се исклучуваат ниту штрајкови. „Ќе се гледаме почесто, ќе бидеме побројни и ќе…

Прочитај

Концерт на Илија Ампевски – Виртуозот што ја раскажува Македонија низ звукот

На 8 мај, во Домот на АРМ, публиката ќе биде сведок на ретка музичка магија – солистички концерт на неприкосновениот мајстор на дувачките инструменти, Илија Ампевски. Со години препознаен како чувар на македонскиот фолклорен звук, Ампевски со својата виртуозност, искреност и страст, го претвора секој настап во незаборавно доживување. Концертот е поддржан од Министерството за…

Прочитај

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право…

Прочитај

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки. Наместо системско решение за спречување на ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези кои немаат реален ефект. Најдобар пример за тоа е…

Прочитај

Адидас: Царините на САД ќе ги зголемат цените на нашите патики

Спортскиот гигант „Адидас“ предупреди дека новите американски царини, воведени од претседателот Доналд Трамп, ќе резултираат со поскапување на нивните производи на американскиот пазар, пренесе Би-би-си. „Речиси ништо не произведуваме во САД, па новите царини неминовно ќе ги зголемат нашите трошоци“, изјави извршниот директор Бјорн Гулден. Компаниите од текстилната и обувната индустрија се особено погодени, бидејќи…

Прочитај

Прилеп во тага: Почина фудбалската легенда Никола Здравески

На 54-годишна возраст, синоќа ненадејно почина Никола Здравески – Николче, една од најголемите фудбалски легенди на ФК Победа и еден од највпечатливите симболи на прилепскиот спорт во самостојна Македонија. Цела своја кариера ја посвети на Победа – прво како играч, потоа капитен, па и тренер, оставајќи неизбришлива трага во сите улоги. Како капитен, ја предводеше…

Прочитај

Панче е клучот што ќе ја отвори вратата на распадот на оваа власт!

Денешната говорница во Собранието повторно беше претворена во евтина сцена за манипулации и обиди за спасување на политичкиот образ од страна на министерот Панче Тошковски. Но, да биде јасно – не нè допираат неговите лажни беседи, излитени флоскули и празни оправдувања. Народот веќе одамна го прочита сценариото на селективна правда, а денешниот протест во Скопје…

Прочитај

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на сериозни проблеми со јавните финансии и економската политика на Владата. „Реалноста е таа дека ние сме влезени во циклус од 6 до 9 месеци на невраќање на ДДВ и неплаќање на обврски кон стопанството, коешто Владата не го кажува, а…

Прочитај

Интерпелацијата на Тошковски на дневен ред во Собранието

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група Левица. Пленарната седница е закажана во 11 часот. Левица ја поднесе интерпелацијата на 14 април поради тоа што, како што велат од партијата, Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало…

Прочитај