Вардар 1961 го доби дербито против Еурофарм Пелистер и ја прекина лошата серија
Ракометарите на Вардар 1961 го добија првото првенствено дерби оваа сезона против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Во СЦ „Јане Сандански“, „црвено-црните“ славеа со 31:28 (16:14), прекинувајќи ја серијата од четири порази во меѓусебните дуели со најголемиот ривал. Со оваа победа, Вардар го задржа максималниот ефект по пет одиграни натпревари, додека Пелистер го доживеа првиот пораз….